Францускиот велосипедист, возач на тимот Групам, ја освои 14 етапа на Тур д’Франс. Најкратката етапа на трката (117,5 километри) ги однесе возачите од Тарб до врвот на Пиринеите на надморска височина од 2.115 метри.
Пино во драматична завршница се одвои од водечката група, во која имаше пет возачи и успеа да влезе со предност од пет секунди. Ова е прва етапна победа за Пино на Тур д’Франс по речиси четири години. Втор низ целта мина лидерот во генералниот пласман Жилијан Алафилип.
Во финишот на трката на еден километар пред целта, од водечката група отпадна првиот фаворит на трката Грејент Томас. Тој сега зад лидерот Алафилип заостанува за повеќе од две минути.
В недела на Тур д’Франс се вози 185 километри долгата етапа од Лиму до Фу.
foto/epa