Македонската параолимпијка Оливера Наковска – Бикова освои златен медал на Европското првенство во стрелаштво во Норвешка. Таа го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година.
По враќањето во Македонија, денесја европската шампионка беше на прием кај претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кои испратија искрени честитки за новиот голем успех.