Тениските мега-ѕвезди, Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се обидат да постават светски рекорд според посетеноста на еден тениски меч со помош на познати гости на егзибициски меч во Кејптаун, Јужна Африка во февруари.
Во дуелот на 7 февруари под организација на фондацијата на Федерер, покрај дуелот на двајцата големи ривали ќе има и меч во двојки во кој Федерер ќе биде партнер со основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, додека Надал ќе игра покрај јужноафриканскиот комичар Тревор Ноа.
„Ова е остварување на сонот. Ќе играм во татковината на мојата мајка против мојот најтежок ривал и голем пријател Рафа Надал. Двајцата ја делиме љубовта кон тенисот, но и кон добротворните цели како подобра едукација“, изјави Федерер.
Мечот ќе се оддржи на „Кејптаун стадионот“ со капацитет од 55.000 седишта, каде што во 2010 се играше Светското првенство во фудбал. Досегашниот рекорд е 35.681 поставен на егзибициски меч во Брисел помеѓу Белгијката Ким Клајстерс и Серена Вилијамс во 2010 година.
roger federer confirming he’ll play a charity match with rafael nadal soon and i’m already waiting for the promo video pic.twitter.com/n3mYUsNnhX
— k. (@panicatIove) July 2, 2019