Top Sport

Кирјос: Сакав да го удрам Надал директно во гради (видео)

„Шоуто“ на Ник Кирјос продолжува. По забавниот меч во четири сета со Рафаел Надал на Вимблдон, австралискиот тенисер призна дека се обидувал да го погоди директно Надал со форхендот, кога Шпанецот му упати еден убиствен поен.

„Расправијата“ почна на турнирот во Акапулко, Мексико на почетокот на годината, кога Надал се налути за „непочитувањето“ кое тој го покажува со сервисите „под рака“, а овојпат Кирјос не се извини за ударот кој упати во градите на Надал во третиот сет.

„Човекот има не знам колку гренд слема, не знам колку пари на сметката. Може да издржи едно топче во градите, нели? Нема да му се извинам за тоа. Да, одев на него. Сакав да го удрам директно во градите“, вели Кирјос.

Надал не „падна“ на провокации и му ја „затвори“ муцката на Кирјос (видео)

Scroll to Top