Домашниот фаворит Роџер Федерер заедно со германскиот ас Александер Зверев во Женева го комплетираа првиот ден на тенискиот Лејвер куп со 6:3/7:5 победа во двојки над Денис Шаповалов и Џек Сок, со што Европа води со 3:1 против Остатокот од светот.
Програмата во Женева започна со дуелот помеѓу Австриецот Доминик Тим и Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој му припадна на Тим со 6:4/5:7/13:11, пред Џек Сок да го победи Фабио Фоњини со 6:1/7:6(3) и да израмни на 1:1.
Младиот Грк, Стефанос Циципас повторно донесе водство за Европа со 6:2/1:6/10:7 победа над Тејлор Фриц, пред шоуто на вечерта за швајцарската публика, дуелот во двојки.