Роџер Федерер нема да има рејтинг на следната АТП листа која ќе биде објавена во понеделник, на 11 јули. Ова беше познато уште кога најави дека нема да игра на годинашниот Вимблдон, бидејќи требаше да брани 600 бода освоени во 2019 година кога последен пат играше на овој турнир.
Она што го носи неговиот пад од АТП листата е фактот што ќе добива специјални покани на големите турнири, бидејќи сигурно ќе се врати на тенисот, но тоа не е се.
Со специјални покани, таканаречени „вајлд карти“, огромни се шансите Федерер да игра против некој од останатите фаворити уште во првото коло од големите турнири.