Тениската легенда Роџер Федерер вели дека е прекрасно да бидеш татко и објаснува дека родителството никогаш не му пречело во кариерата, иако признава дека не очекувал дека ќе има толку деца со својата сопруга Мирка.
Роџер и Мирка имаат два пара близнаци – 10-годишните ќерки Мајла Роуз и Шарлин и 5-годишните синови Лео и Лени.
„Чувството е фантастично. Учиш многу за себе кога ќе станеш родител, но најмногу од сè тука е љубовта која ја имаш кон нив и чувството да имаш нешто посебно со твојата сопруга. Мирка и јас ги сакаме нашите деца бескрајно. Четири деца, тоа е неверојатно. Искрено, никогаш не помислував дека ќе имам толку деца, но сега е забавно. Убаво е да имаш големо семејство зад себе“, вели Федерер.
Близнаците очигледно се „генетски“ во семејството Федерер – неговата ќерка Дијана има син и ќерки-близначки, додека и бабата на Федерер од мајчина страна исто така е близнак.