Роџер Федерер е на првото место на годишната листа на магазинот „Форбс“ како најплатен спортист откако заработи фантастични 106.3 милиони долари оваа година, за да стане првиот тенисер кој е на првото место по дебито на оваа листа од 1990 година.
Федерер заработи само 6.3 милиони долари во наградни фондови и фантастични 100 милиони долари од реклами, со што скокна од петтото место кое го држеше во 2019 година.
„Тој е совршен бренд. Кој може сака да биде блиску до него“, вели Дејвид Картер, професорот по спортски бизнис на УСЦ Маршал школата за бизнис.
Зад Федерер се неверојатни 13 бренда, вклучувајќи ги „Барилја“, „Моет & Шандон“ и „Римова“,к кои му плаќаат помеѓу 3 и 30 милиони долари. 38-годишниот ветеран заедно со пријателот Тајгер Вудс се двајцата активни спортисти кои успеале во една година да заработат 100 милиони само од спонзорства.
Федерер успеа да се искачи на првото место на оваа листа благодарение на корона вирусот, поради кој се стопираше светскиот фудбал, а Роналдо и Меси добија намалување на своите огромни плати.
ТОП 10 НА „ФОРБС“ ЗА 2020
1.Роџер Федерер (Шва, тенис), 106.3 милиони $
2.Кристијано Роналдо (Пор, фудбал), 105 милиони $
3.Лионел Меси (Арг, фудбал), 104 милиони $
4.Нејмар (Бра, фудбал), 95.5 милиони $
5.Леброн Џејмс (САД, кошарка), 88.2 милиони $
6.Стеф Кари (САД, кошарка), 74.4 милиони $
7.Кевин Дурент (САД, кошарка), 63.9 милиони $
8.Тајгер Вудс (САД, голф) 62.3 милиони $
9.Кирк Казинс (САД, американски фудбал), 60.5 милиони $
10.Карсон Венц (САД, американски фудбал), 59.1 милиони $