Италијанскиот тенисер Фабо Фоњини оценил дека Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се непобедливи кога се во топ-форма, додека со Рафаел Надал и кога е во најдобра форма можело да се игра.
Србинот, Швајцарецот и Шпанецот деценија се во светскиот врв и практично се непобедливи, особено кога станува збор за грен-слем турнирите. Во последните 15 години овие тројца од можните 60 освоиле 52 грен-слем титули.
Фабио Фоњини може да се пофали дека има победа над Надал и тоа на земјана подлога. Минатата сезона Фоњини го победи Надал во полу-финалето на мастерсот во Монте Карло, а потоа и ја освои титулата.
„Кога се во топ-форма Роџер и Новак многу е тешко да се игра против нив. Играат брзо не ви даваат простор. Со Рафа е поинаку. Може да те уништи во размените, но против него можеш да играш, ако ништо друго можеш да трчаш“, рекол Фоњини.
Италијанскиот тенисер во моментов се наоѓа на 11 место на АТП листата, во кариерата освоил девет титули, од кои најголема секако е минатогодишната во Монте Карло.