Карл Гајгер повторно беше најконцентриран во Титизе-Нојштад, победувајќи и на второто индивидуално натпреварување од Светскиот куп во ски скокови, триумфирајќи пред Словенецот Анже Ланишек и Маркус Ајзенбихлер.
Гајгер имаше скокови од 131 и 143 метри при тешки услови во Нојштад, за да собере 282.7 поени пред Ланишек со 280.5 поени (132.5 и 143 метри) и Ајзенбихлер со 275.3 поени (135 и 134.5 метри).
Со победата, Германецот го зголеми водството во генерален пласман со 61 поен пред победникот на Новогодишната серија, Јапонецот Рјоју Кобајаши, додека Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд е трет.
Светскиот куп продолжува следниот викенд во германскито Вилинген, каде што ќе има две индивидуални натпреварувања и едно тимско натпреварување, по што скокачите директно патуваат во Пекинг, каде што се оддржува првото индивидуално натпреварување на малата скокалница веќе на 6 февруари.