Рафаел Надал преку Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на мастерс турнирот во Рим. Шпанецот по два часа игра победи со 7:6, 6:3 и ја забележа 25.победа во 51.меч против српскиот тенисер.
Надал успеа да го победи Ѓоковиќ, кој го одигра најдобриот меч во изминатата година, меч кој може да значи дека Србинот се враќа во препознатливата форма. Токму формата и континуитетот што го има, особено на неговата омилена подлога, пресудија во корист на Надал.
Првиот сет Надал го доби во тај-брејк со 7-4, откако деветтиот гем не успеа да го заврши сетот. Шпанецот, направи брејк во шестиот гем, а Ѓоковиќ со иста мерка возврати во деветтиот гем.
Моментумот од финишот на првиот сет, Шоанецот го пренесе и во вториот, успеа да направи брејк во вториот гем. Ѓоковиќ притискаше до крајот на сетот, но видливо беше дека физички во овој момент не може да се носи со Надал.
Шпанецот во утрешното финале, за својата 56.титула во кариерата на земјана подлога, ќе игра против победникот од второто полу-финале, во кое ќе играат бранителот на трофејот во Рим Александар Зверев и Марин Чилиќ.