Top Sport

Ѓоковиќ доби овации при камбекот, па лесно го совлада Мусети

Новак Ѓоковиќ беше пречекан со овации пред својот прв меч во 2022 на Дубаи шампионатот, по што му беа потребни повеќе од еден час за со 6:3/6:3 да го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети и да ги заддржи шансите да остане број 1 и по крајот на оваа недела.

Србинот имаше бурен старт на 2022, и тоа надвор од терените, откако беше вклучен во „битка“ со австралиската држава, која двапати му ја укина визата и го депортираше поради тоа што не е вакциниран и не му дозволи да игра на Австралија опен, каде што ја бранеше титулата. Рафаел Надал триумфираше во Мелбурн и го помина со 21 гренд слем титула, а во исто време поразот во финалето му дозволи на Данил Медведев да има шанси да го смени од првото место на АТП листата.

Во Дубаи тој беше пречекан воодушевено од публиката, и го почна походот кон својата шеста титула против 59-рангираниот Италијанец, 19-годишниот Мусети, кој беше подготвен да му направи проблеми.

Во првиот сет, Ѓоковиќ направи брејк во четвртиот гем за 3:1 водство, по што го доби маратонскиот петти гем, спасувајќи три брејк топки за да го освои сетот со 6:3 по 37 минути игра. И во вториот сет, беше доволен еден брејк, во третиот сет за да ја комплетира победата по час и 15 минути игра.

Следен за него во осминафиналето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Русинот Карен Хачанов и Австралиецот Алекс де Минаур.

Scroll to Top