На Новак Ѓоковиќ му беа потребни само 68 минути за да ја забележи третата победа во третиот меч на АТП финалето во Торино, декласирајќи го Британецот Камерон Нори со 6:2/6:1, за да го потврди првото место во Зелената група на завршниот турнир.
Сега, за него во полуфиналето следува дуел со Германецот Александер Зверев, кој има одлична сезона и кому му е стар „должник“ за поразот во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио, каде што Зверев потоа стигна до златото, а Ѓоковиќ си замина без медал.
Во второто полуфинале на завршниот турнир се среќаваат светскиот број 2, Русинот Данил Медведев и најголемото изненадување на турнирот, Норвежанецот Каспер Руд.