Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон, откако во драматичното полу-финале што траеше два дена, го победи Рафаел Надал со 3:2. Полу-финалето на Вимблдон беше 52.соочување на двајцата врвни тенисери, по кое Ѓоковиќ води 27:25.
Брилијантен меч одиграа Србинот и Шпанецот, во двата дена. Синоќа, поради законите во Велика Британија, беше прекина при резултат 2:1 (6:4, 3:6, 7:6) за Ѓоковиќ.
Тениската драма која продолжи денес подобро ја отвори Ѓоковиќ, но Надал прв направи брејк. Шпанецот поведе со 5:3, во четвртиот сет, а откако во наредниот гем спаси три брејк топки го израмни резултатот во сетови на 2:2.
Во решавачкиот сет двајцата добро сервираа до деветтиот гем, кога Ѓоковиќ се соочи со две топки за брејк, успеа да ги спаси и да израмни на 5:5.
Надал потоа имаше уште пет брејк топки, од кои три во 15.гем, меѓутоа Србинот се извлече и поведе со 8:7.
Надал потоа имаше сигурен сервис гем, исто како и Ѓоковиќ, а во 18.гем Србинот го нападна сервисот на Надал, стигна до три врзани брејк топки, ја искористи првата и се пласира во финалето.
Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде Кевин Андерсон, кој вчера по шест часа и 41 минута го победи Џон Изнер.