Top Sport

Ѓоковиќ сигурен во Париз, продолжува одбраната на круната

Новак Ѓоковиќ повторно имаше релативно лесна победа во три сета, совладувајќи го Словенецот Аљаж Бедене со 6:3/6:3/6:2 за пласман во осминафиналето на Ролан Гарос, каде што е актуелен носител на титулата.

Со победата по час и 48 минути игра, светскиот рекет број 1 продолжи со импресивната игра на земја по неубедливите подготовки за Франција опен, откако во првите три меча на црвената земја, не загуби ниту еден сет.

Следен за Ѓоковиќ е Аргентинецот Диего Шварцман, кој му оддржа вистинска лекција за игра на земја на Григор Димитров, победувајќи го бугарскиот тенисер со 6:3/6:1/6:2.

Scroll to Top