Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ бил специјален гостин на традиционалниот италијански музички фестивал Сан Ремо.
Светскиот број 1 ја воодушевил публиката кога запеал на сцената, а поддршка му пружила и сопругата Јелена.
По музичкиот настап, Ѓоковиќ микрофонот го заменил со тенискиот рекет. Тој разменил неколку удари со еден од водителите на фестивалот.
Novak Djokovic singing at San Remo #erosramazzotti (HD) ??❤ (He can do it all) pic.twitter.com/GtRFKLplBp
— NovakDjokovicFanClub (@NovakFanClub) February 5, 2020