Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се борат за титулата на мастерсот во Синсинати. Шпанецот во полуфиналето го победи Хуберт Хуркач,а српскиот тенисер беше подобар од Александар Зверев.
Алкараз, како и во претходните две рунди, со пресврт успеа да слави над Полјакот кој одигра извонреден турнир. Хуркач го доби првиот сет, убедливо со 6:2, а потоа Алкараз возврати со 7:6 и 6:3.
Со воаа победа, без оглед на резултатот во финалето, Алкараз ја задржа првата позицја на АТП листата и на Ју-ес опен ќе биде прв носител.
Број 2 на АТП листата ќе остане Ѓоковиќ, кој по голема борба, во два сета го победи Зверев. Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај-брејк, а вториот со 7:5, откако претходно не успеа на 5:4 да ја заврши работата. Зверев направи брејк, во веќе во наредниот гем Ѓоковиќ успеа да му го одземе сервисот, а потоа го реши мечот.
Ѓоковиќ вечерва (22:30 часот) ќе се бори за третиот трофеј во Синсинати и за 39.титулата на мастерс турнирите.
Алкараз и Ѓоковиќ досега одиграче три меча, Шпанецот води со 2:1. Алкараз победи лани во полуфиналето на мастерсот во Мадрид и оваа година на Вимблдон, а Ѓоковиќ годинава славеше во полуфиналето на Ролан Гарос.