Top Sport

Гувернерот на Њујорк дозволи да се одржи Ју-Ес опен

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, дозволил Ју-Ес опен да започне на 31 август. Мечевите ќе се играат без публика.

„Ју-Ес опен ќе се одржи во Квинс, Њујорк, без навивачи од 31 август до 13 септември. Тениската асоцијација на САД (УСТА) ќе преземе строги мерки на претпазливост: тестирања, дополнително чистење, дополнителен простор во соблекувалните…“, напишал гувернерот на „Твитер“.

Прашање е како тенисерите и тенисерките ќе одговорат на повикот на Ју-Ес опен. Најдобрите тенисери Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Кирјос се противат на одржувањето на турнирот, додека кај тенисерките учеството веќе го откажа втората на ВТА листата Симона Халеп.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');