УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов го критикуваше Колби Ковингтон и побара другите фајтери во велтер категорија да одбиваат да се борат со него по инцидентот во Мајами, кога неговиот ривал Хорхе Масвидал беше уапсен за наводен напад.
Во понеделникот навечер Масвидал наводно го продолжил несогласувањето по поразот од Ковингтон на УФЦ 272, удирајќи го двапати пред ресторан во Мајами и врескајќи: „не зборувам за моите деца“. На социјалните мрежи Хабиб го поддржа Масвидал порачувајќи дека „ако си посилен во октагонот, тоа не значи дека можеш да ги навредуваш неговите деца“.
„Никој нема право да навредува нечие семејство. Кога ќе тргнеш по тој пат, биди подготвен да стоиш зад своите зборови. Беше нападнат од професионален фајтер, исто како тебе, и одиш да го пријавиш во полиција? Мислам дека сите велтераши треба да одбиваат да се борат со Колби. Само не прифаќајте мечеви со него, нека си седи. Тоа ќе има влијание на него и на сите кои помислуваат да навредуваат нечие семејство“, напиша Хабиб.
#ufc #FamilyFirst pic.twitter.com/dhxTq1DnXI
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 24, 2022