Хабиб Нурмагомедов и Кристијано Роналдо се стари познаници и Дагестанецот никогаш не ги криел симпатиите кон португалската суперѕвезда, и овојпат тој го пофали фудбалерот на Јувентус за видеото на кое ЦР7 игра фудбал со малиот Казахстанец Али Амир Турганбеков, кому ниту тоа што е роден без нозе не го спречи да е еден од најголемите фудбалски фанови.
Роналдо во видеото се додава со топката со детето, по што се гушка и се фотографира со него.
„Затоа ти си најдобар на светот. Ти благодариме Кристијано Роналдо. Го направи мојот брат Али Амир многу среќен“, напиша Хабиб.
Претходно, и самиот УФЦ фајтер имаше фотографии со малиот Али, кој исто така играше фудбал со ѕвездите на Ливерпул и Челси, Мохамед Салах, Садио Мане и Цезар Азпиликуета пред УЕФА Суперкупот, а потоа го даде трофејот на Ливерпул по освоената титула.
View this post on Instagram