Австрискиот скијачки ас Марсел Хиршер со победа ја отвори новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање, откако постави две најдобри времиња на слаломот во Леви, Финска.
Седумкратниот шампион во генерален пласман од Светскиот куп, двапати беше побрз од својот ривал Хенрик Кристоферсен, кој заврши како втор со 0.09 секунди послабо време, додека третото место го освои олимпискиот шампион, Швеѓанецот Андре Мирер со 1.4 секунди послабо време. Хиршер и Кристоферсен се 1-2 во дисциплината во последните три сезони.
Минатогодишниот победник, Германецот Феликс Нојројтер ја пропушти трката откако го скрши десниот палец на тренинг во петокот.
За триумфот на трката над Арктичкиот круг во Лапонија, покрај фотографијата со Дедо Мраз, Хиршер доби и мал ирвас на подарок.
Ова беше прва трка од новата сезона откако велеслаломот во австрискиот Зелден беше откажан во октомври поради силен снег. Сега следува уште мала пауза, пред на крајот на месецот на календарот да се брзинските трки во Канада и САД.
Фото: ЕПА
‘Greatest of all-time? Certainly the greatest of his generation!’ ?@MarcelHirscher kick-starts his season with a Slalom win in Levi! ⛷ pic.twitter.com/dVr7iEiLJ9
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 18, 2018
Henrik Kristoffersen steals top spot with his rival Marcel Hirscher the only one left still to run pic.twitter.com/aeA6IEbqGz
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 18, 2018
New season and the duel between Marcel Hirscher and Henrik Kristoffersen is still tight, once again Hirscher was the fastest, but only with 0.09 sec https://t.co/3VYfM8dQTT pic.twitter.com/m5YkUrjf14
— Skisport365.com (@skisport365) November 18, 2018