Top Sport

Хјустон астрос ја освоија Светската серија во безбол

Хјустон астрос стигнаа до својата втора титула од Светската серија, откако со 4:1 победата над Филаделфија филис ја добија финалната серија во безбол-финалето во САД со 4:2.

Шестиот меч од Светската серија беше без поени до хоумранот на Кајл Шварбер во шестиот ининг за Филис да дојдат во водство, но Астрос се вратија преку хоумранот на Јордан Алварез, пред Кристијан Васкез да ја обезбеди победата пред домашната публика.

Ова е втор трофеј во историјат на Астрос по тој во 2017 година, но тој остана контроверзен поради скандалот со мамење со електронските знаци на нивниот стадион, по што тимот беше казнет со 5 милиони долари, ги загуби изборите на драфтот и мораше да најде нов генеерален менаџер. Ова беше четврта Светска серија во последните шест сезони за Хјустон.

Scroll to Top