УФЦ шампионот во лена категорија, Хабиб Нурмагомедов се придружи на критиките кон францускиот претседател Еманеул Макрон, кој е под напад на лидерите од муслиманскиот свет поради неговите коментари.
По серија убиства и тензии во Франција околу слободата на говорот и религијата, Макрон стана мета на муслиманските лидери, а сега им се приклучи и Хабиб со клетва преку социјалните мрежи.
„Севишниот да му го обезобрази лицето на ова ѓубре и сите негови следбеници, кои под слоганот на слобода на говорот, ги навредуваат чувствата на повеќе од милијарда и пол Муслимани. Севишниот да ги понижи во овој живот и во следниот. Алах наскоро ќе го направи тоа и сите ќе го видат. Ние сме Муслимани, го сакаме нашиот пророк Мухамед повеќе од нашите мајки, татковци, деца, сопруги и други блиски до нашето срце. Верувајте, овие провокации ќе им се вратат“, напиша Хабиб на руски јазик со цитат од куранот.