Рускиот претседател, Владимир Путин му се јавил на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов за да му изрази сочувство по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап, кој почина на 57 години од компликации од корона вирусот.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков објави дека Путин веднаш контактирал со Нурмагомедов откако ја дознал веста дека Абдулманап починал во болницата во Москва откако се зарази од корона вирусот во мај и имаше мозочен удар.
Путин претходно го прими Нурмагомедов и неговиот татко откако тој ја освои УФЦ титулата во лесна категорија против Конор Мекгрегор во октомври 2018 година, а руските медиуми веруваат дека по негова интервенција Абдулманап бил пренесен со авион во воената клиниката во Москва.
Путин го посети Хабиб во Дагестан и му честиташе за победата (видео)