Словенечката скијачка Илка Штухец e победничка на последнaта трка во спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. Таа дојде до триумф во Солде со вкупно време од 1:30.35 минута и за 51 стотинка беше побрза од Софија Гоџа.
Италијанката одамна го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина, а последната трка ја заврши на второто место.
На подиумот имаше место и за Швајцарката Лара Гут Бехрами, која беше третопласирана, со заостанување од 81 стотинка зад победничката Штухец.