Британската пресметка во тешка категорија во Ливерпул имаше контроверзен финиш, откако Каш Али беше дисквалификуван од дуелот со поранешниот британски шампион во тешка категорија Дејвид Прајс откако го гризна на стомакот.
Дуелот беше пред-меч на Лајам Смит-Сем Егингтон мечот и желбата на организаторите беше да се „загрее“ публиката бидејќи Прајс е „локално дете“ од Ливерпул, но публиката збесна и фрлаше со објекти кон Али, откако тој исфрустриран од слабиот меч во петтата рунда го грабна противникот, го фрли на подот и го гризна на стомакот.
Интересно, Али и Прајс претходно беа спаринг-партнери порано во својата кариера, а Али по мечот дури му побарал ри-меч на противникот.
„Не сакам да делам ринг со тоа животно повеќе. Тој ме гризна неколку пати на стартот на мечот и мислам дека целосно ја загуби главата. Го повредив и немаше што друго да прави“, вели Прајс.
Kash Ali channelling his inner Luis Suarez tonight, biting David Price in the boxing ring.. ??
— SCENES! (@SCENES_Official) March 30, 2019
ATTENTION!! ATTENTION!! I repeat Kash Ali should never be allowed in a boxing ring again absolutely discussing disqualified for biting David Price pic.twitter.com/QiintDp1ju
— MR FRANKIE KNUCKLES (@Frank__knuckles) March 30, 2019
Kash Ali vs David Price POST FIGHT – boxing fans let @313ALI1 know how they feel #FowlerFitzgerald #KashAli #PriceAli #SmithEggington #Boxing #Savage pic.twitter.com/DSuYByPZbg
— BOXING SAUCE (@BoxingSauce1) March 31, 2019