Мајката на израелскиот олимписки шампион Артем Долгопјат тврди дека државата не дозволува тој да се ожени за својата девојка од Белорусија, бидејќи таа не е Еврејка.
Долгопјат, кој е роден во Днипро, Украина, беше двократен национален шампион во земјата каде што е роден, пред да направи „Алија“, еврејскиот термин за преселба во државата Израел, за во Токио да го освои само вториот златен медал во историјата на државата со триумфот во Токио.
Неговата мајка, Ангела Долгопјат, за израелските медиуми призна дека таа не е Еврејка, иако таткото на гимнастичарот е Евреин, што значи дека тој нема да добие дозвола да се ожени во Израел, каде што е дозволен брак само во сопствената религија.
„Артем живее со својата девојка од Белорусија веќе три години, но државата не им дава да склопат во брак“, изјави Ангела Долгопјат за „Ерусалим пост“, посочувајќи дека како многу Израелци тие најверојатно ќе се договорат за цивилен брак надвор од државата.
Гилад Карив, рабинот кој е дел од израелскиот парламент Кнесет, вети дека ќе се обиде да ги смени законите.
„Важно е да се спомене дека правото за брак во сопствената земја не треба да биде поврзано со олимписко злато или со друго остварување. Се работи за основно човеково право. Накратко, шампионот Артем ќе носи медали и ние ќе работиме напорно за правото за избор“, изјави Карив.