Top Sport

Јамајчанскиот боб-тим тренираше со туркање на „Мини Купер“ (галерија)

Јамајчанскиот боб-тим, кој беше овековечен во славниот холивудски филм „Cool Runnings“ од 1993 година, повторно е на насловните страници во Велика Британија, откако тренираше за зимската олимпијада туркајќи „Мини Купер“ на улиците на Питерборо.

29-годишниот Шанвејн Стивенс и 27-годишниот Нимрој Таргот се во изолација поради корона вирусот од март и мораа да најдат инвентивен начин да останат во форма – го туркаа автомобилот на свршеницата на Шанвејн, Ејми за да остсанат во форма.

„По карантинот моравме да направиме нешто. Затоа го туркаме автомобилот на мојата свршеница нагоре и надолу, а тренираме и во градината. Автомобилот има слична тежина како боб-санката, така што не е толку чудно. Знам дека во филмот немаа вистинска опрема и затоа и ние импровизираме“, вели Стивенс.

Стивенс е дел од боб-четвороседот на Јамајка од 2017 година, и слично како во филмот тие не успеаја да се квалификуваат на Олимпијадата во Пјонгчанг во 2018 за само едно место, иако не го напуштаат сонот и се надеваат дека ќе обезбедат место на Олимпијадата во Кина во 2022 година.

Scroll to Top