Обидот на украинската тениска ѕвезда Дајана Јастремска да добие „кревање“ на нејзината допинг-суспензија пред Австралија опен беше одбиена од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).
Светската тенисерка број 29 беше суспендирана на почетокот на јануари поради позитивен тест на анаболичкиот стероид местеролон, но и покрај тоа реши да патува за Австралија, каде што е во карантин пред стартот на Австралија опен.
20-годишната Јастремска тврди дека не земала допинг-средства и дека се работи за „случај на контаминација“ со додатоци за исхрана. Таа сега може да оди пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но останува да се види дали ќе добие одговор пред стартот на Австралија опен на 8 февруари.