Ју-Ес опен оваа година би можел да биде одржан надвор од Њујорк. Домаќин на турнирот би можел да биде Индијан Велс.
Њујорк е еден од најпогодените градови во САД со пандемијата. Во тенискиот центар се сместени бездомници кои секојдневно добиваат бесплатни оброци на игралиштата, додека тенискиот центар „Били Џин Кинг“ е претворен во привремена болница.
Мастерсот во Индијан Велс беше првиот откажан турнир сезонава. Овој турнир уште го нарекуваат и петти Гренд слем.
Организаторот на турнирот Лери Елисон смета дека Индијан Велс е способен да организира Гренд слем турнир и дека во моментов тоа е најдобра опција.
Оваа опција сериозно ја разгледувале и челниците на Американската тениска асоцијација. Ставот е дека доколку турнирот не биде префрлен во Индијан Велс тогаш тој нема да се одржи оваа година.