Мајк Тајсон во својата кариера направи многу глупости – од кокаинот, гризењето уво на Ивандер Холифилд, тепачката по сообраќајката по која заглави во затвор… Но, можеби најголема глупост правеше на врвот на својата кариера, кога реши за свое милениче да земе бенгалски тигар.
На Интернет повторно се појави снимка од гостувањето на Тајсон на ТВ-шоуто со Розен Бар од 1996 година, кога тој се бореше со својот омилен бел бенгалски тигар со име Кенија.
53-годишниот Тајсон живееше со тигарот повеќе од 16 години, пред да реши да се ослободи од миленичката тешка 250 килограми.
„Да, имав милениче тигар, нејзиното име беше Кенија. Имав голема љубов кон неа. Ја чував, спиев со неа, беше во мојата соба и остана со мене околу 16 години. Но, беше престара и видот ја напушташе и морав да ја дадам. Потоа откина рака на еден човек“, откри Тајсон.
Ова не е најголемата лудост на Тајсон. На крајот на 1980-тите, при посета на една зоолошка градина, боксерот понуди 10.000 долари за да влезе во кафезот на горила за да може да се пресмета со неа.
„Да, бев во Њујорк и платив да влеземе само јас и мојата поранешна сопруга Робин. Кога стигнавме до горилата, внатре имаше еден голем мајмун кој ги тепаше другите. Му понудив на човекот 10.000 долари да го отвори кафезот, но тој одби“, додава Тајсон.
Mike Tyson with his pet tiger ?? pic.twitter.com/uwTcbYaReU
— Against The Ropes (@ATRboxinguk) November 25, 2019