Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Монастир, Тунис.
Ивановски во четвртфиналниот дуел го совлада Французинот Артур Букие со 2:0 во сетови (6:2, 7:5). Тој беше осми носител на турнирот.
Во полуфиналето Калин Ивановски ќе игра против подобриот од мечот меѓу Тао Му и Федерико Јанаконе.