Македонскиот тенисер Калин Ивановски имаше успешен старт на вториот последовен турнир во Куршумлиска Бања, Србија, кој има награден фонд од 25.000 долари. Тој се пласира во следната руна откако неговиот ривал, квалификакантот Матија Жугиќ од Срија, го предаде мечот по еден одигран сет.
Ивановски го доби првиот со 6:3 во гемови, а потоа Жугиќ побара прекин на мечот поради повреда.
Во второто коло, Ивановски ќе се сретне со рускиот тенисер, Микалај Хаљак, кој во моментот се наоѓа на 835. место на АТП листата.