Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го стартуваше настапот на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир, Тунис. Тој славеше над квалификантот од Словачка, Лукаш Павлович со 2:0 во сетови (6:4, 6:2).
Во второто коло, Ивановски за противник ќе го има мароканскиот тенисер Адам Мундир, кој е рангиран на 688. позиција на АТП листата.
Турнирот во Монастир се игра за награден фонд од 15.000 долари.