Top Sport

Микаела Шифрин дојде и до 84. победа во Светскиот куп

Микаела Шифрин ја освои својата 84. победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако триумфираше и во вториот велеслалом во Кронплац (Италија).

Со денешниот успех, Американката дојде на две победи од рекордот на сите времиња за победи во Светскиот куп што го држи легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк (86).

За разлика од вчера, денеска Шифрин не беше најбрза во двете трки. Сепак, таа триумфираше со цели 0,82 секунди пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која го заслужи својот втор подиум во последните четири дена.

Олимписката шампионка во велеслалом од Пекинг 2022, Сара Хектор од Шведска, заврши на третата позиција.

Scroll to Top