Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го отвори учеството на ИТФ Челинџерот во Поитие во Франција. Тој го победи чешкиот тенисер Метју Доналд со 2:0 во сетови (6:2, 6:4) и обезбеди место во осминафиналето.
Во следното коло Ивановски за противник ќе го има Французинот Александре Реко кој со 2:1 во сетови го совлада Русинот Вилажанин.
ИТФ турнирот во Поитие се игра за награден фонд од 15.000 долари.