Максим Норо го постигна единствениот гол за Канада да ја победи Финска со 1:0 и да обезбеди место во полуфиналето на олимпискиот турнир, каде што ја брани титулата.
Натпреварот беше без голови до последната третина, кога Ерик О’Дел избори пак во зоната на Финска и го прати до Норо, кој успеа да го совлада финскиот голман Мико Коскинен. За Норо ова е своевиден „кам-бек“, откако токму Норо си постигна автогол при поразот од Чешка во саботата.
Во полуфиналето, Канада ќе игра со најголемото изненадување на турнирот, Германија, кои со 4:3 во продолжението го совладаа првиот носител на турнирот, Шведска, за неверојатно полуфинале.
Германците водеа со два гола разлика до последната третина и упатија 25 удари на голот во споредба со 34 на Швеѓаните. Патрик Рајмер постигна гол по 90 секунди во продолжението, а голманот Дени Аус Ден Биркен имаше 31 одбрани на голот. Ова е најголем успех на Германија на Олимпијадите по бронзата во 1976 година.
Во второто полуфинале во Пјонгчанг ќе играат Русија и Чешка, два од фаворитите за злато.