Канзаси сити Чифс ги победија Сан Франциско Фортинајнерс со 31:20 и ја освоија титулата во НФЛ-лигата. Ова е втора титула за Канзас во историјата, прв по пауза од 50 години. Финалето на 54 Супербоул се одигра во Мајами.
Она што не им успеа минатата година им успеа оваа. Играчите на Казас Чифс висеа над бездната, имаа минус од 20:10, на влезот во четвртата четвртина, но тогаш проработе нивниот атомски напад, а Патрик Махомс покажа дека е најдобриот квотер-бек во лигата, во овој момент.
Решавачкиот момент се случи во средишницата на последниот квартал кога Махомс имаше додавање од 45 јарди, на третиот обид на 15 јарди кон Тајрик Хил. Потоа следуваше тачдаун за 20:17.
Махомс мечот го заврши со импресивни 286 јарди и две додавања за тачдаун и истрчани 29 јарди. Еден од хероите на Канзас е и Демијен Вилијамс со истрчано 104 јарди и 29 фатени топки. Тој имаше еден истрчан и еден спречен тачдаун.