Top Sport

Карл Гајгер победник на јубилејното 1.000 натпреварување во ски скокови (видео)

Германецот Карл Гајгер е победник на илјадитото натпреварување во Светскиот куп во скијачки скокови, откако ги победи Австријците Штефан Крафт и Михаел Хајбек на натпреварувањето во Лахти, Финска.

Гајгер водеше по првата рунда со скок од 122.5 метри, за во вториот да ја постави најголемата далечина од 130 метри за победа пред Крафт, кој пак, триумфираше во петокот пред Гајгер. Ова е шеста победа во кариерата за Гајгер и четврта оваа сезона.

„Голем ден за мене, а искрено многу ми значи што победив на натпреварувањето број 1.000. Целта е да се продолжи“, вели Гајгер.

Во генерален пласман, Крафт има 1.613 поени пред Гајгер со 1.495 поени, останувајќи на иста разлика како пред скоковите во Лахти, и најавувајќи возбудливо „Роу ер“ натпреварување во Осло следниот викенд. Давид Кубацки, третопласираниот во геенрален пласман и победник од новогодишната турнеја беше само 11, додека актуелниот шампион Рјоју Кобајаши беше седми.

Во вкупно 1.000 натпреварувања, рекордер е јапонскиот ветеран Нориаки Касаи со неверојатни 569 старта, пред Симон Аман (429) и Јане Ахонен (408).

Scroll to Top