Top Sport

Кејти Ледецки исплива трето најдобро време во историјата

Пливачката Кејти Ледецки, седумкратна освојувачка на златни олимписки медали, победи на Отвореното првенство на САД на 800 метри слободно со трето најбрзо време во историјата. Отворајќи го шампионатот кој се одржува во Индијанаполис, 26-годишната Ледецки исплива 800 метри за 8:07.07 минути, што е нејзино најдобро време од светскиот рекорд што го постави на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година (8:04.79 минути).

Со овој резултат таа се пласираше на Светското првенство во Фукуока кое ќе се одржи од 23 до 30 јули и тоа ќе и биде шесто Светско првенство.

„Беше одлично. Задоволна сум од ова време“, изјави пливачката кој има 19 светски титули.

Ледецки ги освои последните пет светски и три олимписки финалиња на 800 метри слободно од нејзината прва титула во Лондон во 2012 година, кога имаше само 15 години.

Второпласираната, со заостанување за повеќе од 13 секунди, Џилијан Кокс, го собори својот личен рекорд од 8:20.28 минути и исто така извади билет за настап на Светското првенство.

 

Scroll to Top