Трикратната гренд слем шампионка, Анџелике Кербер потврди дека ќе го пропушти САД опен, објавувајќи дека е бремена и дека ќе паузира од тениските терени.
Германката, која беше шампионка од Њујорк во 2016 година, преку социјалните мрежи објави дека решила дека ќе биде преопасно да настапи на САД опен.
„Навистина сакав да играм во Њујорк, но на крајот сфатив дека двајца против еден не е фер натпреварување. Во следните неколку месеци ќе паузирам од патувањето низ светот како тенисерка, но тоа е поради најдобрата можа причина. Ќе ми недостасувате. Њујорк беше пресвртница во мојата кариера и на некој начин ќе биде истото и сега, од рестартирањето на кариерата во 2011 до освојувањето на титулта во 2016“, вели Кербер.