Случајот околу „исчезнатата“ кинеска тенисерка Пенг Шуаи стана уште побизарен, откако кинеските медиуми објавија две видеа од неа во ресторан, нешто што не убеди никого дека таа е слободна.
Тениските шефови и активистите за човекови права бараа Пенг да се појави во јавноста, откако шпекулациите велеа дека двократната гренд слем шампионка во двојки „исчезнала“ по објавата на социјалните мрежи со која го обвини поранешниот вице-премиер на Кина за сексуален напад.
Прво од Кина стигна писмо до претседателот на ВТА турнејата, а сега преку „Глобал тајмс“, кинескиот весник на англиски јазик, се објавени две видеа на кои Пенг влегува и јаде во ресторан во Пекинг со нејзиниот тренер и нејзини пријателки, а прикладно на вратата на ресторанот го има датумот – 20 ноември.
I acquired two video clips, which show Peng Shuai was having dinner with her coach and friends in a restaurant. The video content clearly shows they are shot on Saturday Beijing time. pic.twitter.com/HxuwB5TfBk
— Hu Xijin 胡锡进 (@HuXijin_GT) November 20, 2021
This is the second clip. pic.twitter.com/BWzdBkIJ94
— Hu Xijin 胡锡进 (@HuXijin_GT) November 20, 2021