Ана Палуш, тениската навивачка која привремено беше отстранетаа од „Централниот терен“ за време на машкото финале на Вимблдон по барање на Австралиецот Ник Кирјос потврди дека ќе го тужи тенисерот за „неосновани обвинувања“.
При промена на страните во финалето против Новак Ѓоковиќ, Кирјос се пожали на судијата на столче дека жената му преи додека сервира, велејќи дека „изгледа како да испила 700 пијачки“. Палуш, сега потврди дека ќе го тужи Кирјос и дека сите пари кои ќе ги добие ќе ги даде во добротворни цели.
„Во текот на финалето, Ник Кирјос направи неосновано обвинение против мене. Не само што ми штетеше тогаш, кога бев привремено отстранета од арената, туку тие обвинувања беа пренесени на ТВ и милиони луѓе ги видоа“, вели Палуш.
"She's drunk out of her mind and talking to me in the middle of a game. She's the one who looks like she's had 700 drinks."
Classic Nick Kyrgios#Wimbledon pic.twitter.com/mhDw7M2Zbd
— Chris Hammer (@ChrisHammer180) July 10, 2022