Top Sport

Кирјос: Ѓоковиќ го третираат како оружје за масовно уништување, сакам да игра и да го освои АО

Ник Кирјос, еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, изминатата недела се претвори во најголемиот поддржувач на српскиот тенисер. Кирјос, уште еднаш ја критикуваше Владата на Австралија, за односот што го има кон деветкратниот освојувач на Австралија опен.

Кирјос, својот став го кажал во подкастот „Без граници“. Открил дека, Ѓоковиќ на „Инстаграм“ му се заблагодарил за поддршката.

„Тој не очекуваше дека јас вака ќе реагирам. Очигледно е под голем притисок, целиот свет е против него. Го третираме како Новак Ѓоковиќ, а не како човек. Замислите како се чувствува тој. Мислам дека му е потребна искрена човечка поддршка. Од мене ја има“, рекол Кирјос.

Австралискиот тенисер, открил дека негова желба е Ѓоковиќ не само да ја добие правната битка со Владата на неговата земја, туку и да победи во Мелбурн. Открил и како би ја прославил евентуалната победа на Ѓоковиќ.

„Тој министер, Алекс Хок, вели дека Новак Ѓоковиќ е закана за нашите граници, јас велам дека тоа не е точно. Ние го третираме како тој да е оружје за масовно уништување. Дојде да игра тенис, ги разбирам нападите дека не е вакциниран, но тој има документација кој му овозможува да игра. Целиот бес го насочија кон него за да го исфрлат од земјата. Ништо лошо не направил, тој само сака да игра тенис. Важно е да игра овде, важно е за спортот!

Знате што сакам? Сакаме е…о да го освои Австралија опен и потоа јас да шетам со маица на која пишува. „Одиме“ и со маска Новак Ѓоковиќ. Тоа би било еб..о сјајно“. заклучил Кирјос.

 

Scroll to Top