Американката Медисон Киз се пласира во полу-финалето на Ју-Ес Опен, откако за нешто помалку од 90 минути игра ја победи Шпанката Карла Суарез Наваро со 6:4, 6:3.
Киз го диктираше ритамот во овој меч и максимално ги користеше грешките на противничката. Американката освои 22 директни поени (Наваро 10) и успеа да ги одбрани двете брејк топки што ги имаше шпанската тенисерка.
Киз за пласман во финалето ќе се бори против Јапонката Наоми Осака која ја декласира 29-Украинка Лесија Цуренко со 6:1, 6:1.