Саботниот „скијачки маратон“, трката во крос-кантри скијање на 50 километри на Олимпијадата во Пекинг беше скратен на 30 километри поради студот во кинеските планини, но тоа не му помогна на финскиот скијач Реми Линдхолм, кој признава дека имал смрзнатина на „незгоден дел од телото“.
Линдхолм скијаше час и 16 минути на силните ветришта и вели дека неговиот пенис се смрзнал вторпат во неговата кариера, по сличен инцидент на домашната трка во Рука минатата година.
„Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога ја завршив трката. Ова беше едно од најлошите натпреварувања на кои сум учествувал. Битка до крај. Потоа кога се згреав, болката беше огромна“, открива Линдхолм за финските медиуми.
Le fondeur finlandais Remi Lindholm gêné par un pénis « un peu gelé »https://t.co/x2XyK4mun7
— RDS (@RDSca) February 20, 2022