Конор Мекгрегор, кој неодамна гледајќи го „циркусот“ околу Суперлигата, изјави дека планира да го купи Манчестер јунајтед, сепак, се одлучил за помала инвестиција – да го купи пабот во Даблин каде што во 2019 година удри еден старец откако тој го одби неговото во виски.
Според ирските медиуми, Мекгрегор ќе плати од 1.5 до 2 милиони евра да го купи пабот „Марбл Арч“ во квартот Дримнаг, каде што често самиот бил гостин. Во април 2019 година, тој ги честел сите присутни во пабот со неговото „Пропер 12“ виски, кога локалниот гостин Дес Кеог одбил да го пие тоа виски, а Мекгрегор го удри. 32-годишниот Мекгрегор потоа беше осуден за напад и казнет со 1.000 евра, но избегна затворска казна.
Ова не би бил прва ваква инвестиција на Мекгрегор – во 2018 година тој за 2 милиони евра го купи пабот „Блек Форџ“ во квартот Крамлин.
Одговарајќи на шпекулациите, Мекгрегор на Твитер на шега му соопшти на новинарот дека тој и Кеог немаат дозволено влез во новиот паб.
Ye and your mans barred https://t.co/aVM5mcIA3F
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 22, 2021