Конор Мекгрегор вели дека го прифаќа можниот мега-меч со поранешниот УФЦ шампион Андерсон Силва, неколку дена откако го промовираше Бразилецот во најдобриот ММА фајтер во историјата.
Мекгрегор одговори со „прифаќам“ на постот на кој 45-годишниот Силва, кој го има рекордот за најдолготраен УФЦ шампион, зборуваше за можен меч меѓу двајцата. Силва јасно покажа дека би сакал да се бори со поранешниот шампион во две дивизии како еден од двата меча кои ги сака пред крајот на кариерата.
„Имам огромно почитување за големиот спортист Конор. Верувам дека супер-меч со него би влегол во историјата, бидејќи двајцата немаме што да докажуваме. Фановите на УФЦ и на спортот би сакале да видат ваков меч. Тоа ќе биде совршен тест за мене“, напиша Силва.
Мекгрегор во контроверзната листа на Твитер го постави Силва „рамо до рамо“ со него меѓу најуспешните во историјата поради тоа што и тој има совршен скор во две дивизии.
I accept. https://t.co/HYqF132EvZ
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) May 28, 2020
Конор се избра како „ГОАТ“, Хабиб му одговори: Ти се најдобриот… На Твитер