Двократниот светски шампион, Штефан Крафт ја намали разликата до најдобрите во Светскиот куп во ски скокови, по победата во Закопане, Полска.
25-годишниот Австриец, кој освои двојно злато на СП во Лахти во 2017 година, имаше скокови од 133 и 132.5 метри (278.3) поени за да ги победи Норвежанецот Роберт Јохансон и Јапонецот Јукија Сато за 13-та победа во кариерата, но прва по пауза од речиси две години, кога победи во Планица во 2017 година.
„Атмосферата во Закопане секогаш е посебна, а првиот скок беше навистина добар. Целта оваа сезона е медал од Светското првенство во Зефелд пред домашните фанови, но се фокусирам на секој викенд со големо внимание“, изјави Крафт.
Домашните скокачи потфрлија – Давид Кубацки беше само 12-ти, Стефан Хула на 17. место, додека фаворитот Камил Штох воопшто не влезе во втората рунда и заврши како 36.
Рјоју Кобајаши, победникот на „4 скокалници“ беше само седми, но останува лидер во генерален пласман со 1.128 поени пред Штојх (624) и Зила (603), додека Крафт е четврти (581 поен).
Фото: ЕПА