Еден од најдобрите светски велосипедисти Британецот Крис Фурм нема да ја брани титулата на трката околу Италија. Популарното „Џирод Д’Италија“, ќе го пропушти и неговиот колега од тимот Скај, Герент Томас.
Фрум решил да се откаже од настапот на „Џиро Д’Италија“ за да има повеќе време за подготовки за трката околу Франција каде ќе се обиде да ја освои петтата титула.
Од неговиот тим објавија дека лидер на на екипата на трката околу Италија ќе биде Колумбиецот Еган Бернал.
„Имам убави сеќавања од минатата година, но оваа мојата главна цел е трката околу Франција, така што мислам дека е најдобро да го прескокнам „Џиро Д’Италија. Дојдов до една точка во мојата кариера кога започнав да размислувам за она што ќе остане зад мене. Доколку петти пат победам во Франција ќе се приклучам на елитната група на велосипедисти што го направиле тоа. Само четворица направиле таков подвиг. Тоа би било неверојатно“, рекол Фрум.
Трката околу Италија на програмата е од 11. мај до 2. јуни, додека трката околу Франција ќе се вози од 6. до 28.јули.